УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

 

Општи одредби

Макробиотика ДОО ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на Макробиотика ДОО е строго забрането. Прекршување на општите услови за употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

Макробиотика ДОО е администратор на оваа веб страна. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането.

Макробиотика ДОО може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

Материјали кои ги проследува корисниот

Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.makbio.com, со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски материјали или материјали со навредлива содржина.
Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат за маркетинг и комерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Согласно нашата политика за заштита на приватноста, личните подтоци ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.

Кориснички блог

Макробиотика ДОО го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив.
Сите инфорамации во врска со трансакцијата на купувач – онлајн продавницата на Макробиотика ДОО, се сметаат за деловна тајна и се третираат согласно законските прописи на Република Македонија.

Google Analytics

Ние користиме Google Analytics на нашата веб-страница. Google Analytics е услуга за веб-анализа која ја оптимизира употребата на нашата веб-страница. IP адресата, која е пренесена од вашиот прелистувач преку употреба на Google Analytics, не е комбинирана со други податоци од Google. Како дел од системот за следење на Google, исто така, ќе бидат пренесени информации за производите што сте ги нарачале.

Податоците испратени од нас и поврзани со колачиња, идентификатори на корисници и рекламни ИД ќе бидат избришани автоматски по 36 месеци. Повеќе информации за условите за користење и политиката за приватност може да најдете на https: / / https://www.google.com/analytics/terms/us.html и https://policies.google.com/.

КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА

 

Креирање на корисничка сметка

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Селектирајте производ и продолжете кон кошничката водени од инструкциите на екранот.

Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа кошничката да кликнете на копчето за “ПРОДОЛЖИ КОН ПЛАЌАЊЕ” за да го извршите плаќањето. Од вас ќе биде побарано да се регистрирате или логирате на својот профил. Кога сте подготвени да извршите купување потребно е да одберете адреса на испорака, и начин на плаќање. Потоа ќе ви се отвори страницата за завршување на купувањето.кое се врши со платежна картичка. 

Плаќање

Плаќањето се врши при достава и тоа може да биде во готово или со платежна картичка (Visa, Mastercard, Maestro). Исто така, може да се плати и преку банка со тоа што претходно ќе ви биде испратена профактура/фактура.

Достава

За повеќе информации контактирајте нè преку телефон или емаил.

РЕКЛАМАЦИИ

Откако ќе ви биде доставен производот, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања и тоа делува на функционалноста на самиот уред или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да нè побарате телефонски на бројот 070-309-905 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@kazanizarakija.mk и да ги наведете сите недостатоци. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.
Во име на компанијата Макробиотика ДОО се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно деловните пракси со цел давање квалитетна услуга.
На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од мejлинг листата.
Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на менаџерите од ИТ Секторот, на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности.

Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката со користење и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка.